УЈП ја објави најновата Листа на должници за неплатен данок
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.07/2024 за долгови доспеани до 31.03.2024 и неплатени до 30.06.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници објавени се 1870 должници – правни лица и 3.774 физички лица.
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 10.722.692.495 денари, што е повеќе за 134.041.650 денари споредено со претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси бележи пораст од над 165.928.847 и изнесува 10.565.414.681 денари.
Долгот за царински давачки е намален за 31.887.197 денари од претходната листа и тој сега изнесува 157.277.814 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЈП ја објави најновата листа на должници:…
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави…
Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во…
И покрај поднесениот Обвинителен акт за предметот…
МВР потврди: Исмет Гури ѝ се предал…
Поранешниот заменик директор на Управата за јавни…
УЈП констатираше неправилности кај 49 даночни обврзници
Даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршија…
УЈП ја објави најновата Листа на должници…
Управата за јавни приходи ја објави Листата…