Фактор открива: Зошто Ангелоски ја замешува цела ССК во одбрана на сомнителната Таргет груп

Каква разрешница ќе добие случајот со преземањето на податоци од Централниот регистер од компанијата „Таргет груп“, за која ЦРМ уште пред шест години поднесе кривична пријава, а во моментов на него е ангажирано Јавното обвинителство. Она што сега се очекува се наодите на МВР, поточно на Секторот за компјутерски криминал во рамки на Министерството, кој од надлежниот скопски основен обвинител доби задача да утврди колку пати „Таргет Груп“ влегол во базите на ЦРМ, какви податоци земал, во колкав обем и колкава е нивната вредност. По анализата што ќе ја изработи МВР, како што веќе пишувавме, ќе се знае дали обвинителот, по шест години од кривичната пријава, ќе формира обвинение против „Таргет Груп“ кој со години наназад обработува и препродава податоци на Централниот регистар, а за кои оваа државна институција тврди дека тие не дале одобрување податоците да се преземаат, обработуваат и препродаваат.
Фактор го праша Централниот регистар како го коментира најновиот развој на настаните околу случајот „Таргет груп“, и колкава е проценката на ЦРМ за штетата, односно изгубената добивка, што досега им ја има направено „Таргет груп“ со нелегално преземање податоци. Оттаму велат дека засега, додека трае истрагата, не се во можност да ни одговорат на прашањата.
„Во интерес на истрагата, Централен регистар на Република Македонија не е во можност да даде одговор на Вашите прашања. Сите одговори поврзани со случајот ‘Таргет’ потребно е да ги побарате од надлежните институции – Јавното Обвинителство и МВР“, се вели во одговорот кој го добивме од Централниот регистар.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…