Фала му на бога и на медицинскиот персонал: Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани

Во стабилна состојба се 173 пациенти повредени од пожарот во Кочани хоспитализирани во земјата и странство. Вчера на домашно лекување биле пуштени тројца, а исто толку ќе заминат дома во текот на утрешниот ден.
Министерот за здравство најави дека кај повредените ќе прават и токсиколошки анализи и список со токсиколози е доставен до сите здравствени установи каде има од повредените од трагедијата во Кочани.
– Сите пациенти кои што се лекуваат во државата и надвор од државата се во стабилна и добра состојба. Повеќето од нив се подобруваат. Од вкупно 20 што беа критични пациенти, денеска констатираме дека се десет потешки пациенти. Тоа што повторно и тие се стабилни надвор од животна опасност, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.
Колку ќе трае процесот на лекување кај повредените никој не знае и не може да се каже со сигурност. Специјалисти по пластична хирургија велат дека кај вакви изгореници, за текот на третманот може да направат проценка по седмиот ден.
– Се уште е рано да се прават проценки. Секако треба да се почека седмиот ден, но тоа не е строго определено бидејќи тие фази некогаш се преклопуваат, пролонгираат и тоа зависно од самиот организам, претходни болести, и возраста. Сепак, првичниот дел е 6 – 7 ден за втора проценка за да се види понатамошниот тек бидејќи се смета дека до седмиот ден е барем стабилизиран, вели проф. д-р Боро Џонов, пластичен хирург во Аџибадем Систина
Во странски медицински центри повредени има 30 во Србија од кои десет на ВМА, 15 во Бугарија, 12 во Грција , 9 во Турција како и во болници во Австрија, Словенија, Листванија, Велгија, Италија, Полска, Шведска, Турција и Норвешка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрага за обидот за убиство на вработена…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…
Сахарска прашина доаѓа во Македонија
Во делови на Европа стигнува прашина од…
ТВ21: Приведени Ејуп Рустеми и уште три…
Министерството за внатрешни работи досега уапси неколку…
Истрага за злоупотреби при јавна набавка во…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…
Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…