Фатени живи: Битолчани краделе нафта од машина во рудник

t

Полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода Д.Д.(37) и К.С.(30), двајцата од Битола за кражба на нафта од работна машина од рудникот Брод-Гнеотино, информира Министерството за внатрешни работи.

„Тие биле затекнати при обид од рудникот да изнесат повеќе туби и балони со нафта која ја извадиле од работна машина со која работеле. Кај нив биле пронајдени околу 100 литри нафта, што биле вратени на сопственикот и други предмети со кои го извршиле делото“, додаваат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Компјутер на МВР украден од граничниот премин…

Украден електронски уред на граничниот премин Блаце.…

Хаос на македонските улици: Дете прегазено во…

Вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во скопската…

Русија веќе нема да истражува нафта кај…

Руската компанија „Новатек“ планира да се повлече…

Падна цената на нафтата на светските берзи:…

Цените на нафтата од утрово паѓаат. На…

Србинка крадела во маркет во Куманово

Кумановската полиција вчера ја приведе Д.А.(34) од…