Фатен дрвокрадец во Ресенско

t

Полициски службеници од полициската станица Ресен и Надворешната канцеларија за криминалистички работи изутринава го лиши од слобода М.Н.(46), кој бил затекнат при бесправна сеча на огревни дрва, од кои дел биле натоварени на возило.

Како што информира МВР, извршен е увид на местото на настанот.

Полицајците денеска во 11:00 часот постапувајќи по планот за „Безбедно лето 2022”, на место викано „Бела Вода“, атар на село Златари, пронашле патничко возило „сеат толедо“, со ресенски регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво без соодветна документација.

Возилото и дрвата се предадени на ЈП „Национални шуми“- подружница Ресен, а по документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама им се пожали на ОН за…

Албанскиот премиер Еди Рама го повика Собранието…

Владиката Партениј одлучуваше на гробот на Пресвета…

На гробот на Пресвета Богородица во Гетсиманија,…

Малолетник нападнат од осум лица во Центар

На 24.09.2022 во 02.30 часот во СВР…

Вардар подобар од Алкалоид

Македонскиот шампион потешко од очекувањата го совлада…

Србите во Косово секојдневно ја чувствуваат политиката…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…