Фаучи предупредува: Новиот „Омикрон“ сој поради високата заразноста ќе ги оптовари болниците

t

Главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи денеска предупреди дека се уште постои опасност од зголемен број на хоспитализации поради високата заразност на омикрон, иако првичните податоци покажуваат дека оваа варијанта на коронавирусот е помалку опасна.

– Единствениот проблем е што ако имате толку многу случаи на инфекција, дури и ако стапката на хоспитализација е помала кај омикрон отколку кај делта, сепак постои опасност да има голем пораст на хоспитализации, што може да го оптовари здравствениот систем – истакна Фаучи во интервју за Си-Ен-Ен.

Се проценува дека омикрон варијантата на коронавирусот е одговорна за 58,6 проценти од инфекциите со ковид-19 во САД според податоците од 25 декември, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

– Сигурно ќе има многу повеќе случаи на инфекција, бидејќи омикрон е многу позаразен вирус од делта – рече Фаучи.

Според него, „се чини дека (омикрон) би можел да биде помалку опасен, имајќи ги предвид податоците што ги собравме од Јужна Африка, Велика Британија, па дури и некои прелиминарни податоци овде во САД“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во земјава регистриран првиот случај на зараза…

 Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти…

ЦДЦ ПРАВЕЛ ФИНГИРАНИ АНКЕТИ: Скриени несаканите реакции…

Американските Центри за контрола и превенција на…

ШЕСТ ПРОЦЕНТИ ОД НАСЕЛЕНИЕТО ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА:…

Шест проценти од населението во Македонија е…

Колку сиромашните осиромашуваат, толку богатите се богатат:…

Секој десетти човек во светот е гладен,…

Страшно: Речиси 60.000 луѓе во Кина починале…

Кина денеска соопшти дека речиси 60.000 луѓе…