„Фајненс тинк“: Ребалансот на буџетот е одговор на кризата, но потребна е поголема консолидација на тековните трошења

t

„Ребалансот предвидува пораст на расходите за плати за 1,7 отсто, на стоките и услугите за 11,4 и на блок-дотациите (кои содржат исплати на плати на општинско ниво) за 4,7 проценти, во однос на иницијалната проекција, а во однос на реализацијата од 2021 година порастот е уште поголем. Овие зголемувања, особено во делот на стоките и услугите, не ја одразуваат (или ја затскриваат) објавената намера за кратење на непотребни и непродуктивни расходи, и расходи кои може да се одложат, иако дел од зголемувањето е наменето за покривање на енергетските трошоци во јавниот сектор“, се наведува во анализата на „Фајнанс тинк“

Ребалансот на буџетот е одговор на кризата, но потребна е поголема консолидација на тековните трошења за да не влијае проинфлаторно, оценува „Фајнанс тинк“ и апелира потребата од средства во овој буџет од околу 900 милиони евра, од кои околу 700 милиони евра тековен дефицит, да се задоволи доминантно од странски извори, со цел поголема поддршка на девизните резерви, примарно од концесионални кредитори.

Ревидираните макроекономски проекции во ребалансот, 3,2 отсто раст на БДП за 2022 година и 7,2 процента раст на трошоците за живот, според „Фајнанс тинк“,  се оптимистички.

Проектираната стапка на раст е на горната граница со значајни изгледи да биде пониска, додека проектираната стапка на инфлацијата е на долната граница со значајни изгледи да биде повисока. Во номинална смисла, земајќи ги заедно реалниот раст на БДП и растот на цените што служи како основа за проценка на буџетските приходи, проекцијата за нивен раст во моментов е коректна и главно се должи на порастот на цените кој придонесува најмногу за пораст на приходите од ДДВ“, анализираат од „Фејненс тинк“.

Ребалансот на буџетот, додаваат оттаму, предвидува проширување на буџетскиот дефицит на 5,3 отсто од БДП и во услови на дополнително забавување на растот на БДП, тој ќе биде надминат. Додаваат оти иако кризни околности може да бидат оправдување за поголемо буџетско трошење и зголемување на јавниот долг, сепак сегашниот контекст е многу поразличен од тој во пандемиската 2020 година.

Додаваат оти сега, забавувањето на растот е придружено со изразени притисоци врз цените, главно предизвикани од глобалните случувања.

Претходно „Фајнанс тинк“ процени дека досега отсуствуваа домашни фактори за инфлацијата, односно притисоци врз цените од страната на побарувачката.

„Ребалансот предвидува пораст на расходите за плати за 1,7 отсто, на стоките и услугите за 11,4 и на блок дотациите (кои содржат исплати на плати на општинско ниво) за 4,7 проценти, во однос на иницијалната проекција, а во однос на реализацијата од 2021 порастот е уште поголем. Овие зголемувања, особено во делот на стоките и услугите, не ја одразуваат (или ја затскриваат) објавената намера за кратење на непотребни и непродуктивни расходи, и расходи кои може да се одложат, иако дел од зголемувањето е наменето за покривање на енергетските трошоци во јавниот сектор“, наведуваат од „Фајненс тинк“.

Сепак, особено загрижувачки, како што наведуваат, е порастот на расходите за субвенции и трансфери во износ од 40,5 отсто во однос на иницијалната проекција, од што значаен дел се оправдува со субвенционирањето на енергетската потрошувачка.

„Најголем дел од субвенциите остануваат недоволно таргетирани и не отстрануваат структурни слабости, вклучително и поддршка на забрзана зелена транзиција. Вториот значаен дел кој го генерира овој пораст е пренасочување средства во субвенционирање на растително производство, со цел намалување на евентуална појава и последици од кризата со храна. Сепак, неопходни се дополнителни прецизирања за начинот на кој овие субвенции се фокусираат на приносите, односно аутпутите од производството (принос од хектар) наместо инпутите во производството (единица засеана површина). Во останатиот дел, растот на ставката субвенции и трансфери се должи  на субвенционирањето на порастот на платите и на минималната плата во обем од 44 отсто во однос на иницијалната проекција, што во тековните околности може да поттикне дополнителен притисок врз цените од страна на потрошувачката, а на товар на буџетскиот дефицит и јавниот долг“, наведуваат од „Фајненс тинк“.

Според анализата, намалувањето на планираните капитални инвестиции е очекуван потег и шема на приспособување на буџетот со секој ребаланс во претходната деценија. Тоа не е сврзано со кризата и променетите околности, туку со нереалното почетно планирање на капиталните расходи.

„Во сегашните околности, важно е и овие скратени капитални расходи да се реализираат во целост, но според претходните искуства тоа најверојатно нема да се случи, бидејќи просечната реализација на капиталните расходи во однос на последниот ребаланс во претходните години беше околу 75 – 80 отсто“, оценуваат оттаму.

Во однос на препораката потребата од околу 900 милиони евра да се задоволи доминантно од странски извори, „Фајнанс тинк“ потенцира дека тоа би имало две клучни цели и тоа намалување на цената на задолжувањето во услови на затегнување на условите на приватните пазари и прифаќање одреден надворешен механизам преку кој ќе се осигури натамошната консолидација на јавните финансии и ќе се контролира дополнувањето на ценовните притисоци кое Буџетот може да го изврши преку тековните трошења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На кое дереџе дојде Германија? Безбедносните органи…

Германската федерална канцеларија за борба против криминалот…

Димовски ја попари Владата: Гарантирам дека инфлацијата…

Како Сојуз на синдикати на Македонија првин…

Инфлацијата во Македонија достигна 16,8%

Инфлацијата во Македонија руши рекорди, а за…

Аргентина очекува инфлација од над 95%

Економистите ја зголемија својата прогноза за годишната…

Рафајловски: Инфлацијата ќе се зголеми но долгорочно…

Нема дилеми дека постигнатиот договор во Софија…