Филипче: Мицкоски лажеше за наводниот поткуп

t

На денешната прес-конференција за 100-те дена од Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче посочи дека Мицкоски лажел за наводниот поткуп што му бил понуден нему и на вицепремиерот Николовски.

„Денес и јавно го прашувам Мицкоски, што се случи со наводниот поткуп кој му го понудиле нему и на Николоски? Има ли некаква истрага Премиере и во која институција? Ниту има истрага, ниту има докази, ниту ќе има“, нагласи Филипче.

Филипче потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека Македонија повторно ќе биде на граѓаните, но наспроти тоа ВМРО ДПМНЕ ја присвои државата.

„Добивме Македонија која е повторно само нивна. Македонија која е партизирана, без одогворност, небезбедна, криминализирана и безсперспективна. Имаме 100 дена изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општество во кое доминира неизвесноста. Паралелата меѓу ветувањата и реалноста е сурова. Македонија водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се само не горда“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Мицкоски лажеше за наводниот поткуп

На денешната прес-конференција за 100-те дена од…

Австралиец пронајден починат во Битола

Вчера во 09.55 часот во полициска станица…

Дојава за бомба во трговски центри и…

Во два трговски центри во Белград денеска…

Инфлацијата во еврозоната ослабела на 1,8 отсто

Инфлацијата во еврозоната ослабела на 1,8 отсто…