Објавено на:

Финската премиерка тестирана за дрога: Резултати ќе има за една недела

t

Финската премиерка Сана Марин денеска изјави дека се тестирала за дрога, откако претходно неделава преку Интернет беше објавено видео на кое се гледа како се забавува со нејзините пријатели.

„Денеска направив тест за дрога и резултатите ќе бидат готови за една недела”, рече таа на прес-конференција посочувајќи дека никогаш во животот не користела наркотици.

Финската премиерка рече дека посочената ноќ не биле доведени во прашање нејзините способности да ги извршува премиерските задолженија, како и оти би ја напуштила забавата доколку морала да работи.

На социјалните мрежи седмицава почна да се шири видео-снимка на која се гледа 36-годишната Марин како се забавува со познати личности и уметници од Финска, за потоа снимката да биде раширена и надвор од земјата.

По појавата на видеото финските политичари, како од нејзината владејачка партија така и од опозицијата, побараа од Марин да направи тестирање на наркотици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Финската премиерка тестирана за дрога: Резултати ќе…

Финската премиерка Сана Марин денеска изјави дека…

Марин: Нема да има нуклеарно оружје на…

Прашањето за распоредувањето на базите на НАТО…

Приведен дилер од Словенија во Кочани –…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до…

Уапсени три млади лица од тетовско во…

На 09.01.2022 во СВР Охрид, приведени се…

Четири момчиња од Велес уапсени за поседување…

Во два различни случаи полициски службеници уапсиле…