Фирмите во кои Вице Заев бил косопственик со години должат околу 1 милион евра

t

Фирмите Сара инженеринг, Сара јавор и Дравас, сите со седиште во Струмица во кои во одредени периоди косопственик бил Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев, со години се на листата на должници која УЈП ја објавува за неплатен ДДВ, данок на добивка и персонален данок. Вкупно трите фирми, според последните листи на должници на УЈП објавени во февруари и март, должат нешто повеќе од еден милион евра. Во одговорите на прашањата на МКД.мк УЈП вели дека согласно законските надлежности презема мерки и дејства за даночни обврзници кои се должници по кој било основ, пренесува МКД.мк

Според последната, мартовска листа на должници фирмата Дравас должи 43.230.711 денари, што е за 167.123 денари повеќе од минатиот месец. Сара инженеринг должи 19.104.372 или повеќе за 894.201 денари од февруари. Долгот на Сара јавор е 2.189.693 денари. Трите фирми должат вкупно 64.515.776 денари или околу 1,05 милиони евра.

Долгот кон државата на овие три фирми се провлекува и во периодот кога тие беа активни, а и сега во последните неколку години кога веќе не се активни.

Според Законот за даночна постапка, УЈП има обврска да ги блокира сметките, ако треба и имотот за да го наплати долгот. Голем број и на други фирми поврзани со семејството Заеви должат на овие три фирми, Сара јавор инженеринг, Сара инженеринг и Дравас, ама не ги подмируваат долговите.

Според законот, сопствениците на фирмите можат да одговараат и со сопствен имот, односно УЈП има право да си го наплати долгот и од личниот имот на сопствениците.

Извор: МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…