Објавено на:

ФИФА покрена постапка против Хрватска за нацистичките песни и поздрави при славјето за бронзата

t

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА покрена постапка против фудбалската федерација на Хрватска, за случувањата за време и после натпреварот за трето место на Мундијалот во Катар.

„Асошијетед прес“ наведува дека ФИФА почнала процедура поради можни кршења на членовите 13 и 16 од дисциплинскиот кодекс кои се однесуваат на дискриминација, односно ред и сигурност на натпреварите.

Наведено е дека спорна е прославата на Хрватите од едно кафуле во Загреб, каде што се гледа дека дефанзивецот Дејан Ловрен со соиграчот Марсело Брозовоиќ ја извикуваат паролата „За дом спремни“ и пеат шовинистички песни.

Сепак, наведува листот, шансите за суспензија или казна се мали, со оглед дека станува збор за приватна прослава со што можно е федерацијата само да добие опомена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угостител од Хрватска нуди 2.000 евра плата…

Ресторан од централна Истра, чиј објект работи…

Македонец и Босанец ограбиле жена од старечки…

Загрепската полиција ја завршила истрагата за 29-годишен…

Српско-хрватска банда фатена во меѓународна акција –…

Хрватската полиција неодамна учествуваше во меѓународна акција…

Едно лице загина: Автобус со албански регистарски…

Едно лице почина, а неколку се повредени…

Масовна тепачка меѓу украински и руски фудбалери…

На подготвките во Анталија, во хотелот „Ројал…