Фон дер Лајен го осуди нападот во Брисел во кој загинаа две лица

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го осуди „грозоморниот напад“ вечерва во Брисел, во кој загинаа две лица, а чиј сторител се уште е во бегство.

„Срцето ми е вечерва со семејствата на двете жртви на грозоморниот напад што се случи во Брисел“, рече Фон дер Лајен на X (поранешен Твитер).

„Ние сме обединети против тероризмот“, додаде таа. Кралското семејство на Белгија соопшти дека е шокирано од пукањето во Брисел во кое загинаа две лица, а едно е повредено.

Белгискиот премиер потврди дека жртвите се Швеѓани. Во Белгија е зголемено нивото на терористичка закана. Прекинат е фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска во квалификациите за ЕП 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син на поранешен функционер повикан во полиција…

Денеска бил приведен син на поранешен екс…

Прв потврден случај на африканска чума кај…

Случај на мошне заразната болест африканска чума…

Довербата на Французите во Макрон е на…

Довербата на францускиот народ во претседателот Емануел…

Голема акција на грчката полиција- во Солун…

Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот…