Објавено на:

Фон дер Лајен: ЕУ треба да се претвори во добранбен сојуз

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, смета дека новиот одбранбен пакет предложен од неа во износ од 800 милијарди евра ќе ја претвори ЕУ во одбранбен сојуз.
„Нашата иницијатива за повторно вооружување на Европа за 800 милијарди ќе ни овозможи да изградиме вистинска одбранбена унија“, рече таа на прес-конференција во Брисел.


Претседателот на Европската комисија, исто така, истакна дека ЕУ мора да и обезбеди на Украина средства за спроведување борбени операции „до склучување праведен мир“.
„Мораме да преземеме одговорност за нашата сопствена одбрана… и исто така мораме да обезбедиме Украина да може да се бори до моментот кога е можно да се постигне праведен мир“, истакна Фон дер Лејен.


Претходно Фон дер Лајен претстави иницијатива за привлекување заеми до 150 милијарди евра за одбранбената индустрија во следните четири години, како и да им се овозможи на земјите од ЕУ да ослободат уште 650 милијарди за зголемување на одбранбените набавки и развој на одбранбената индустрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…

Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…

Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…

Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…

„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…