Објавено на:

Фон дер Лајен му вети на Зеленски: Украина ќе има забрзани први чекори кон ЕУ

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека првите чекори на Украина кон членството во ЕУ ќе бидат забрзани.

Шефицата на ЕК на украинскиот претседател му врачи прашалник што ќе биде појдовна точка за ЕУ ​​за одлуката за членството на Киев.

-Нема тоа да биде, како што е вообичаено, прашање на години за да се формира мислењето, туку мислам дека ќе биде прашање на недели, рече таа.

Зеленски кажа дека ќе се врати со одговорите за една недела.

Фон дер Лајен укажа и на важноста на санкциите против Русија поради инвазијата на Украина.

-Русија ќе потоне економски, финансиски и технолошки, додека Украина маршира кон европската иднина, јас го гледам тоа, рече фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја…

Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш,…

Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“…

(Видео) Зеленски: Утре започнува историска недела, ќе…

Мислам дека на сите им е очигледно…

(Видео) Се додека сте живи постои силен…

По враќањето од фронтот на југот на…

Зеленски со тајни наредби од Западот: Еве…

Економските штети што овие европски земји ги…