Фон дер Лајен: Овие наводи се крајно загрижувачки, крајно сериозни

„Овие наводи се крајно загрижувачки, крајно сериозни. Станува збор за довербата на луѓето во нашите институции“, рече таа, потсетувајќи дека предложила создавање „независно тело“ за етички прашања во институциите на ЕУ.
Неколку лица беа уапсени во петокот во Брисел по најмалку 16 претреси поврзани со истрагата за исплата на голема сума пари од страна на една земја од Персискиот залив за да се влијае врз одлуките на членовите на Европскиот парламент. По тој повод полицијата запленила 600.000 евра.
Меѓу уапсените е и потпретседателката на Европскиот парламент Ева Каили од редовите на социјалистите и уште три лица. Тие се обвинети за учество во криминална организација, перење пари и корупција. Фон дер Лајен рече дека Комисијата го разгледува својот регистар за транспарентност, кој ги документира сите состаноци на комесарите и нивниот персонал со претставници на интересни групи.
Обвинителите рекоа дека со месеци се сомневале дека Катар се обидува да влијае на одлуките во Брисел, а катарските власти ги негираат наводите за можни неправилности. „Секое поврзување на катарската влада со гореспоменатите тврдења е неосновано и претставува сериозна дезинформација“, рече катарски претставник.
Европскиот парламент оваа недела треба да гласа за предлогот за продолжување на безвизното патување во Европската унија за Кувајт, Катар, Оман и Еквадор. Некои пратеници предложија да се одложи дискусијата и гласањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стејт департмент: Трамп ја отфрли идејата за…
Претседателот на САД Доналд Трамп е против…
Филков со остра реакција до Милошоски: „Џуџето…
Министерот за правда, Игор Филков, денеска објави…
Додик од Москва: Се враќам во Бања…
Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад…
(Видео) Масовни протести против Орбан во Унгарија!
Масовни анти-Орбан протести има вечерва во Будимпешта.…
Митовски до директорот на Тораница: Кажете какви…
Вие ги штитите интересите на бизнисот, јас…