Објавено на:

Фон дер Лајен се сретна со Папата: Разговарано е за кризата со храна и украинската војна

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска разговараше со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, за напорите што се прават за ставање крај на војната во Украина и за ублажување на глобалната криза со храна.

Ние стоиме покрај оние кои страдаат како резултат на уништувањето во Украина. Оваа војна мора да заврши и повторно да се воспостави мир во Европа, напиша Фон дер Лајен на Твитер по средбата.

Фон дер Лајен се состана и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетр Паролин и министерот за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер, кој неодамна се врати од Украина.

Ватикан соопшти дека во фокусот на разговорите со Фон дер Лајен била „заедничката посветеност на активностите за ставање крај на војната во Украина, со посебно внимание посветено на хуманитарните аспекти и на последиците од продолжувањето на конфликтот во врска со храната“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можна средба на Папата и рускиот патријарх…

Рускиот патријарх Кирил и папата Франциско најверојатно…

Папата до сопствениците на миленици: Отфрлањето на…

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ризикуваше…

Во бракот има три клучни зборови според…

Со цел да ги охрабри брачните двојки,…

(Видео) Прогласена cмpтта на поглаварот на Римокатоличката…

Најголемата британска комерцијална медиумска организација, „ITV News“,…

Пaпата Фpанциск одpжа миca зa Бaдник вo…

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска…