(Фото+видео) Хаос и силно полициско присуство во Скопје: Дојави за бомби и во ТЦ Бисер, Транспортен центар и ПС Центар!

Силно полициско присуство и голема гужва има во моментов пред Ист Гејт мол каде утрово има дојава за поставени експлозиви.
Посетителите и вработените се евакуирани и МВР ги спроведува потребните проверки.
МВР соопшти дека дојави за бомби има и во транспортниот центр, ТЦ Бисер и на неколку други локации.

– Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.




Фото/видео: Инфомакс
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Загина пешак
Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје…
МВР во акција: Серија апсења во Скопје
На 28.01.2023 во 18.40 часот на подрачјето…
Рекордна посета на Зоолошката градина за овој…
Зоолошката градина во Скопје денес ја посетија…
Арсовска: Се решава проблемот со јавниот превоз…
Во врска со проблемите со јавниот превоз…