(Фото+видео) Со експлозиви нападната белоруската амбасада во Рим – видете ги деталите

Спутник објави фотографии кои до медиумот ги доставила белоруската амбасада во Рим, а на кои се гледаат остатоци од експлозиви и искршени стакла и предмети во зградата на амбасадата.
Нема информации дали нападот е како резултат на соработката на Белорусија со Русија за нејзината специјална воена операција во Украина.

Ваквиот напад на дипломатско претставништво е недозволен во меѓународното право кое определува дека териториите на дипломатските претставништва се сметаат како територии на државите од кои доаѓаат ( во случајов Белорусија) според принципот на екстериторијалност.
Дипломатите и вработените во амбасадата се безбедни, а била предизвикана само материјална штета – информираат од амбасадата.

Сепак ваквата повреда на дипломатско претставништво може да доведе до сериозно нарушување на односите меѓу Белорусија и Италија која била должна да ја заштити зградата на амбасадата и дипломатите и вработените во неа.
Погледнете го видеото во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов извештај на Велика Британија: Лукашенко распоредува…
Британското министерство за одбрана соопшти дека рускиот…
Летонија одлучи да го прекине железничкиот транзит…
Летонија го суспендираше железничкиот транзит на белоруски…
Италијанците му вратија на Зеленски: Туризмот не…
Италијанската туристичка индустрија го смета за чуден…
Нов предлог: Украина планира да транзитира жито…
Украина планира да транзитира жито низ Белорусија.…
Зеленски: Италија да им каже на руските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Италија…