(Фото) Арсовска го отвори “Вино Скоп”: По пауза од четири години вечерва скопјани повторно ќе уживаат во добро вино и музика

t

Конечно, после четири години пауза скопјани може да уживаат во фестивалот “Вино Скоп” кој е во организација на Град Скопје.

Градоначалничката Данела Арсовска денес во присуство на голем број скопјани, заинтересирани за вината и добрата музика, свечено го отвори фестивалот “Вино Скоп”.

На фестивалот ќе настапат познати музички личности од Македонија, а посетителите ќе можат да уживаат и во голем број македонски вина.

Според информациите од Град Скопје на фестивалот ќе се претстават 25 винарии од земјата и претставници од странство.

Игор Џамбазов, Фолтин, Џафер се дел од музичките имиња кои ќе го разубават Вино Скоп оваа година.

Меѓу манифестациите кои се под покровителство на Град Скопје се и Џез фестивалот што започна на 30 април во паркот Ибни Пајко, којшто е во организација на Здружението Џез Музичари, Фјужн фестивал од 29 јуни до 3 јули, Кларифест од 1 до јуни, Десонас – фестивал на електронска музика некаде при крајот на месец јуни, Скопје колинг на 16 јули, Фолк фест „Скопје“ од 23 до 27 јули и концерт на Влатко Лозановски, за кој дополнително ќе бидат утврдени и локацијата и датумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…