(Фото) Арсовска на меѓународна конференција во Солун: Град Скопје се стреми да им овозможи дигитални сервиси на граѓаните

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска учествуваше на конференцијата „Градови на иднината“, која се одржа во Солун. На конференцијата, која е во организација на Градот Солун и компанијата Циско, учествуваа и градоначалниците на Атина, Костас Бакојанис, заменик-градоначалникот на Приштина, како и претставници на Тирана, Белград и многу други градови од регионот. – соопштуваат од Град Скопје.

Во рамки на конференцијата се одржаа панел дискусии и размена на искуства и добри практики, каде учесниците разговараа за дигитализација и меѓусебната соработка на градовите.

Градоначалничката Арсовска се осврна на проектите кои Градот Скопје ги реализира, во креирањето на одржливи решенија за граѓаните. 

– Градот Скопје работи на повеќе проекти, каде еден од најголемите е изградбата на пречистителната станица која ќе пречисти над 90 проценти од урбаните отпадни води, проект вреден над 160 милиони евра, кој воедно е и најголемиот еко капитален проект во регионот. Работиме и на повеќе проекти каде преку користење на дигитални алатки се креираат квалитетни и одржливи решенија за граѓаните. истакна Арсовска.

На настанот Арсовска се осврна и на потребата од зголемување на регионалната соработка, пред се преку размената на позитивни искуства и добрите практики за решавање на проблемите со кои се соочуваат градовите.

– Градот Скопје се стреми да им овозможи дигитални сервиси на граѓаните, за полесно совладување на предизвиците, со што ќе се постигне пофункционална локална самоуправа.

Таа нагласи дека Град Скопје е дел од Мрежата на градови од Балканот – Б40 (B40 Balkan cities network) чија цел е зголемување на меѓусебната соработка за клучни прашања што ги засегаат градовите во регионот, како што се дигиталната трансформација, зелена транзиција и зголемување на економска соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19-годишник силувал малолетно девојче од тетовско

Деветнаесетгодишно момче од селото Крушопек, Скопско е…

Арсовска на годишната средба на европски гимназии…

Денеска се одржа годишната средба на европски…

Екипите на Водовод и канализација спроведоа активности…

Екипите на сектор Водовод во текот на…

Посебен сообраќаен режим поради завршни активности за…

На булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот…

И не им доаѓа паметот: 334 казни…

– Секторот за внатрешни работи Скопје вчера…