(Фото) “Вагнер” јавно бараат платеници за војната во Украина

Во рускиот град Екатеринбург се поставени неколку билборди од досега таинствената платеничка група „Вагнер“, со кои се бараат нови борци за фронтот во Украина. На еден од нив пишува „татковина. Чест. Крв. Храброст. ВАГНЕР“, пишува „Гардијан“.
Вакви плакати беа забележани и низ неколку други градови во земјата. Додека западните медиуми со години пишуваа за мистериозната платеничка група поврзана со власта на Путин која војува за руските интереси низ целиот свет, во Русија „Вагнер“ досега беше табу-тема, а ова е првпат како јавно бара нови членови.
„Се чини дека тие решиле веќе да не го кријат своето постоење. Сега веќе сите знаат за нив“, вели Денис Коротков, новинар на „Новаја газета“ и долгогодишен набљудувач на „Вагнер“.
Инаку, оваа група била основана од страна на Дмитри Уткин во 2014 како поддршка на проруските сепаратисти во источна Украина. Тој важи за краен десничар и наводно ја именувал групата според неговиот омилен композитор Рихард Вагнер. САД и други извори го посочуваат Евгениј Пригожин, моќен бизнисмен близок на Путин, како главен финансиер на групата. Тој негира дека има врски со „Вагнер“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…