Објавено на:

(Фото) Вархеји повторно во Софија: Ги убедува Бугарите да го тргнат ветото

t

Комесарот за добрососедство и проширување на ЕУ Оливер Вархеји денеска повторно пристигна во Софија на средби со бугарскиот државен врв во обид да добие уверување од бугарска страна дека нема да го блокираат почетокот на преговорите за членството на Македонија во ЕУ предвиден идниот месец.

-По три недели се вратив во Софија за да пронајдам заеднички јазик и поддршка во Бугарија за почеток на преговарачкиот процес со Македонија во јуни. Прв состанок со бугарскиот премиер Кирил Петков, напиша еврокомесарот за добрососедство и проширување на ЕУ Оливер Вархељи за средбата со бугарскиот премиер Петков.

Од Кабинетот на Петков за оваа средба издадоа само кратко општо соопштение без многу оптимизам околу датумот за Северна Македонија со кој Вархеји денеска влезе кај премиерот Петков.

„Премиерот Кирил Петков оствари работна средба со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји. Во Советот на министри, двајцата разговараа за актуелни прашања од европската агенда. Меѓу темите на средбата беа и европската политика во регионот на Југоисточна Европа и војната во Украина. Премиерот Кирил Петков за време на разговорите посочи дека Бугарија ќе продолжи да игра активна улога во стабилноста и просперитетот во Југоисточна Европа“, го објавија бугарските медиуми соопштението од Кабинетот на Петков.

Иако Вархеји во својата објава на Твитер го тагна бугарскиот премиер, сепак Петков овој пат не објави заеднички фотографии ниту порака за средбата со него туку се пофали само со средбата со д-р Грета Фенер од Базелинститутот со кој бугарската влада потпиша Меморандум за антикорупција.

Вархеји во Софија треба да се сретне и со претседателот Румен Радев, како и со министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Минатата недела претседателот Румен Радев изјави дека се зголемува притисокот од земјите-членки на ЕУ, Бугарија да го укине на ветото на преговарачката рамка за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И бугарското МНР ни го честиташе Илинден:…

Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите…

Бугарската Фондација “Македонија”: Можете да славите или…

Бугарската фондација во Македонија позната по нивните…

(Видео) Мицкоски го продаде кучата: Oдби да…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување…

Закажани избори во Бугарија – СДСМ може…

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска распиша предвремени…

Хаос во Бугарија: Силни експлозии во складишта…

Две експлозии се случија рано утринава по пожар во…