Објавено на:

(Фото) Во Дебар пронајдена и уништена марихуана во вредност од 500.000 евра

t

На 27/28.07.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, во месноста Орман, атар на дебарското село Спас, во непосредна близина на границата со Република Албанија, по преземени мерки и активности, пронајдени се повеќе парцели засадени со канабис сатива.

Притоа, на парцелите биле засадени околу 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, како и безжични камери и пумпа за третирање на растенија. По насока на Јавен обвинител, дел од стеблата се одземени и предадени за вештачење, додека останатите стебла се уништени. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена марихуана, приведен дилер во Скопје

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето…

Повеќе Американци пушат марихуана отколку цигари

Новото истражување на „Галуп“ покажа дека околу…

Претрес во Гевгелија: Пронајдени марихуана и оружје

Денеска (31.08.2022) околу 12.00 часот во с.Кованец,…

Приведен дилер на марихуана во Демир Хисар

Полициски службеници вчера лишија од слобода 43-годишен…

Апсење во Арачиново: Маж пренесувал 100 килограми…

На 25.08.2022 од страна на полициски службеници…