(Фото галерија) Со какви оружја се пофали Србија на вчерашната изложба во Батајница

Во регионот на Југоисточна Европа се купува оружје како никогаш порано. Една од земјите кои деновиве е во фокусот на вниманието токму поради набавката на софестицирано ново оружје е соседна Србија.
Имено, регионалните медиуми пишуваат дека викендов во рамки на воената вежба „ Штит 2022“ што се одржа на аеродромот во Батајница, Србија за прв пат ги претстави кинеските против воздушни ракети „ФК-3“ со среден домет, што важат за едни од најсовремените воздухопловни системи во својата класа, чија современост и актуелност ја карактеризира последна генерација радарска технологија.

Една од причините за новата рунда на балканската трка во вооружување е фактот што воената опрема и вооружувањето на сите армии на поранешната заедничка република се застарени, пишува интернет порталот на весникот Политкика.

Весникот наведува дека на вежбата беа прикажани околу 60 авиони, вклучувајќи модернизираните МИГ- 29СМ, опремени со нови самоодни ракети воздух-воздух со среден дострел Р-77. Тоа е рускиот пандан на американската ракета АИМ-120 АМРААМ.

Потоа ,авионот бомбардер „Орао“, „Г-4 Супер Галеб“ и „Ласта“, као и хеликоптерите „Ми-35М“, „Ми-17“, „Ми-8“ и „Ербас” Х-145М.

Во меѓувреме порталот Балканска безбедносна мрежа наведува дека Србија на воената вежба ги прикажа и 5 – те оклопни возила БерКет (Bear Cat) кои ќе ги користи воената полиција. Порталот пишува дека ова е првпат во модерната историја, српската воена полиција да почне да користи оклопни возила од американско производство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватската академија на науките и уметностите бара…
Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ)…
Вучиќ: Засега нема можност за воведување санкции…
Вучиќ од Давос: Засега нема можност Србија…
Падна договор: Србија ќе складира 500 милиони…
Министерот за финансии Синиша Мали изјави во…
Вучиќ: Односите меѓу Македонија, Албанија и Србија…
Задоволни сме со она што го имаме.…
Србија ќе складира 500 милиони кубни метри…
Министерот за финансии Синиша Мали изјави во…