Објавено на:

(Фото) Ги фатија живи: Уапсени дилери од Куманово, пакувале кокаин, хероин и марихуана

t

Претрес во Куманово, приведени двајца дилери затекнати како пакуваат кокаин, хероин, околу килограм марихуана…

На 15.06.2022 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.В.(22) од с.Тромеѓа, кумановско и Д.Ј.(19) од Куманово.

При претрес во домот на Н.В., извршен со судска наредба, двајцата биле затекнати како пакуваат марихуана во мали ќесиња за продажба.

Притоа, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана, таблети екстази, амфетамин, кокаин, хероин, пари, две дигитални ваги, празни најлонски опаковки и фолии за пакување, нотес со клиенти, неколку прачки експлозив и неколку детонатори, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СВР Куманово изрече над 100 санкции за…

Денеска (14.08.2022) во времето од 14 –…

Акција на МВР: Приведени седуммина, пронајдена дрога…

Полицијата од СВР Тетово во период од…

Запалено возило во Куманово: Интервенирале пожарникари

Кумановските пожарникари интервенирале на три пожари во…

Акција на МВР: Приведен дилер од Мала…

Денеска (27.07.2022) во 02.30 часот од страна…