(Фото) Голема загуба за Украина: Дали загинатиот пилот е “Духот од Киев” кој собори 40 руски летала?

t

Украинскиот пилот кој медиумите го нарекуваат „Духот на Киев“ загина и се тврди дека за време на војната соборил дури 40 руски авиони. Треба да се спомене дека Украина тврди дека соборила 115 руски авиони, но воените аналитичари сметаат дека таа бројка е многу помала.

„Духот на Киев“ веќе беше споменат порано во медиумите, неговите слики беа објавени, но се покажа дека овие слики се лажни.

Дали навистина е убиен пилотот наречен „Духот на Киев“ и дали навистина соборил десетици руски авиони, не може независно да се утврди. Но, странските медиуми, главно таблоиди кои пишуваат за тоа, го споменуваат украинскиот пилот кој всушност почина во март и беше постхумно одликуван.

Ова е приказната за загинатиот пилот, која ја пренесуваат бројни светски медиуми.

Лондонски Тајмс пишува, а Јаху њуз наведува дека украинскиот пилот Степан Тарабалка бил убиен на 13 март, кога Русите го собориле МиГ-29 што тој го пилотирал и дека тој е Духот на Киев. Терминот „Духот на Киев“ првпат се слушна кога украинската влада објави видео во кое наведува дека пилотот од видеото е одговорен за соборувањето на шест руски авиони во еден ден. Иако многумина тврдеа дека тоа е само мит, украинската влада инсистираше дека Духот на Киев е реален и дека еден од нивните пилоти соборил руски авиони.

Кој е Тарабалка?

Тарабалка е роден во мало село во семејство од работничка класа и дипломирал на Воениот универзитет во Харков. Тој беше оженет со Олена со која го доби синот Јарик.

По неговата смрт, неговите родители изјавија за НПР кон крајот на март дека неговиот животен сон бил да стане пилот.

“Тој секогаш ги гледаше падобранците додека тренираа во воздух. И трчаше во нивна насока за да се обиде да види каде слетале. Од мали нозе сонуваше за небото, како лета високо над облаците”, рекла неговата мајка Наталија за НПР.

Неговиот татко додаде дека не знае ништо за неговиот последен лет, бидејќи само им било кажано дека не се вратил од мисијата во која бил испратен.

Неговите родители потврдија дека Степан постхумно бил одликуван со најголемиот украински медал за храброст во битката, Орденот Златна ѕвезда и дека бил прогласен за Херој на Украина.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ООН: Голема е веројатноста детската болница во…

Обединетите нации соопштија дека постои „голема веројатност“…

Макрон бара Киев да добие дозвола да…

Францускиот претседател Емануел Макрон се заложи Киев…

Шолц: Вработените Украинци можат да останат во…

На граѓаните на Украина кои се вработени…

Столтенберг пристигна во ненајавена посета на Киев:…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна…

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…