(Фото) Го докусури градот, сега се гоштева по ресторани: Шилегов фрлил 90 илјади евра за изнајмување на принтери

t

СДСМ денеска реагираше дека Град Скопје останал без принтери поради раскинување на договорот со фирмата која им изнајмувала печатарска опрема.

И покрај осудата од СДСМ, сепак ваквиот потег на градоначалничката Арсовска наиде на одобрување од граѓаните на социјалните мрежи.

“Фирмата која доби клоци е една од фирмите кои се на црна листа на САД и поврзана е со онаа афера за финансирање и давање тендери на фирми блиски до Милорад Додик.Петре им плаќал 90 илјади евра за изнајмување на неколку принтера.

Да да…90 ФАКИНГ ИЛЈАДИ евра. Замисли, еден принтер да го купиш е 100 евра. Браво за клоците што сте им ги опнале.Да сме реални, потег на место.

Може да и се фатите на жената за ова. Браво Данела” – пишува Кристијан Јандриоски на Фејсбук.

Градот Скопје остро го осуди ваквото ширење на лажни вести од страна на СДСМ, а од таму појаснуваат дека градската администрација има сопствени принтери кои се користат домаќински.

– Град Скопје остро ги демантира информациите во јавноста со што се потврдува дека се уште произлегуваат лажни вести за манипулација на јавноста.
Град Скопје поседува печатарска опрема во своја сопственост која активно се користи од страна на администрацијата.


Од друга страна постои договор за изнајмено печатење за поголеми количини на материјал за кој поради недомаќинското работење на претходното рaководство во јавната набавка склучена во 2019 година исплаќани се повисоки средства во вредност од 30% од проценета врeдност.

Договорот е спогодбено раскинат од причина што финансиските средства се истрошени пред истекот на рокот на важноста на договорот.
Новата јавна набавка за таков тип на печатење е во завршна фаза, стои во соопштението на Градот.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави и фотографија од екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, Радмила Шекеринска и Мила Царовска во ресторан, односно како што велат граѓаните “се гоштеваат со украдените пари додека народ гладува”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР во акција: Серија апсења во Скопје

На 28.01.2023 во 18.40 часот на подрачјето…

Рекордна посета на Зоолошката градина за овој…

Зоолошката градина во Скопје денес ја посетија…

Арсовска: Се решава проблемот со јавниот превоз…

Во врска со проблемите со јавниот превоз…

Координирана вандалска акција? За една вечер запалени…

Десетина контејнери се запалени вечерва на булеварот…

(Фото галерија) Скопје и годинава на традиционален…

Православните верници ширум Македонија и во Скопје…