(Фото) Државна болница како сцена од хорор филм: Место за лекување или извор на зараза

t

Искршени тоалети, искршени и пожолтени лавабоа, канти за отпадоци на сред ходник, мувла и р’ѓа по прозорците и радијаторите…

Вака најблаго може да се опише состојбата во ургентниот центар на т.н “Државна болница” во која се примаат пациенти од цела Македонија.

“Е ова е клиника, ургентен центар…. Чисто, педантно, нема сомнение дека може да закачиш некоја инфекција од нечистотија” велат за Инфомакс револтирани пациенти кои испратија морничави фотографии од болницата.

Поголема е можноста некој да се зарази, отколку да се излечи во вакви услови. Од фотографиите може да се види дека не се посветува сособено внимание на хигиената на место кое треба да биде најчисто, без можност за било каква контаминација на медицинскиот материјал, или пренесување на бактерии опасни по животот на пациентите, но и на вработените медицински лица.

Пациентите апелираат во најскоро време да се преземат мерки за подобрување на состојбата не само во Државна болница, туку во сите државни здравствени установи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРУКА! Во болница украле пари, телефон и…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(26)…

(Фото) Сообраќајна несреќа кај Скопјанка: Еден повреден…

Сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотор…

Бугарските доктори потврдија оти македонските “не знаеја”:…

Состојбата на бугарскиот државјанин Драгомир Андонов кој…

ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО ЗАТВОРОТ ШУТКА: Едно лице…

Од Казнено-поправна установа Затвор Скопје утринава во…

Со товарно возило излетал од патот: Возач…

На 13.07.2023 во 08.00 часот во СВР…