(Фото) Експресно саниран споменикот на Гоце Делчев во Парк – КХС уште вечерва на терен

t

Екипите на ЈП “Комунална хигиена” вечерва експресно го исчистија вандализираниот споменик на Гоце Делчев во градскиот парк.

– Вечерва екипите на Комунална хигиена Скопје на терен во Градскиот парк.

Исчистена е бистата на споменикот на македонскиот народен херој Гоце Делчев и околниот простор.

Апелираме да запре вандализмот и граѓаните со почит да се однесуваат кон спомениците на националните херои, напишаа од претпријатиево во објава на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ