(Фото) Започна чистењето на кејот на реката Вардар

Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за чистење на коритото на реката Вардар.
Деновиве започна чистењето на косините на реката Вардар во насока од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат на двете страни од кејот и истите се во вкупна должина од околу 3.500 метри.
На овој потег екипите со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините и од кејот и досега се исчистени околу 800 метри, во насока од мостот „Обединети Нации“ до Железниот мост во Влае.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шкупи го доби скопското дерби со Вардар…
Шкупи ги потврди шампионските амбиции и во оваа…
Починат маж пронајден во Вардар кај Пешачкиот…
Во водите на реката Вардар кај Пешачкиот…
Пронајден машки труп во водите на Вардар,…
Машки труп е пронајден утрово во водите…
Автомобил паднал во река кај Пожега, возачот…
Во Хрватска пред два дена се случи…
(Фото+видео) Изгаснат пожарот во галијата на Вардар:…
Изгасен е пожарот во галијата кај Холидеј…