(Фото) И за прослава многу е…: Симнато македонското знаме во Тетово

t

Инфомакс дознава дека во општина Тетово на денешната прослава на денот на Албанското знаме е симнато македонското знаме од јарболот во центарот на градот, а на негово место е поставено албанското знаме.

На поранешниот плоштад Македонија, сега Илирија во Тетово, е симнато македонското знаме, а на негово место е поставено албанското велат нашите извори од градот.

Соогласно законот за употреба на знамиња македонското знаме мора да биде истакнато заедно со албанското и тоа во размер 3 спрема 1, односно македонското знаме треба да биде три пати поголемо од знамето на другата држава кое се истакнува.

Во Тетово не само што не е испочитуван законот туку дополнително од јарболот е симнато македонското знаме.

За одбележувањето на Денот на албанското знаме, градоначалникот на Кичево од ДУИ, Фатмир Дехари, си го украсил целиот град со албански знамиња. Буквално не постои место каде не се вее албанското знаме и повторно нема ниту едно македонско знаме.

Претходно Инфомакс објави дека со Каурски пи*ки!“ – и со слични етнички навреди со сексуални алузии, повеќепати извикувани, како и „Косово“, „Албанија“, вчера навивачката група „Балисти“ од Тетово го „прослави“ својот јубилеј 30 – години од постоењето, изведувајќи марш од трговскиот центар „Палмамол“ низ улиците на градот до плоштадот во центарот.

Ова е видно и може да се чуе од видео-снимката, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.

Во Македонија изразот каурин се користи за навредливо именување на немуслиманите како неверници. Изразот пи*ка е популарен назив за женски полов орган но и за означување на некој што е плашлив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси сите скопски ноќни клубови не ги…

Деновиве повеќе ноќни клубови во Скопје се…

Ватикан: Папата продолжува да управува со црквата,…

Папата Франциск ќе продолжи да ја води…

Мојот одговор за Игор Дурловски

Tи благодарам Igor Durlovski најпрво што ме…

Филипче: Ќе повикам на лидерска средба, да…

„Во Кочани се случи страшна трагедија која…

Цените на нафтата околу 74 долари

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните…