(Фото ) Како во хорор филм: Вработени во градинка во Делчево колеле јагниња во дворот на институцијата – Анима Мунди бара реакција од АХВ

Вработени во детска градинка во Делчево колеле јагниња во дворот на истата, а потоа на заедничка гозба го прославувале празникот Велигден, известуваат од Здружението за заштита на животните Анима Мунди, кои сметаат дека колење на јагниња во градинка е немилосрден чин.
Апелираат до Агенција за храна и ветерина, како и до Министерство за труд и социјална политика итно да реагираат по повод случајот.

-Откако колење на јагниња во градинка е прифатливо, нормално, не постои веќе ништо што би можело да не изненади во оваа недојдија! Вработените од градинката Весели Цветови во Делчево, оние што треба да ги научат најмалите на љубов и емпатија ги изложуваат на немилосрден чин и ова го нема во ниту едно нормално и развиено општество. Ги повикуваме АХВ и МТСП итно да постапат, ова е мачење на животни, траумирање на деца, нормализирање на чин на колење и се останато што не доликува на вработени во воспитно образовна институција- стои во нивната реакција.

Од Анима Мунди доставија и фотографии од колењето и од прославата со гозба по крвавиот чин, кои вработени во градинката ги објавиле на профилот на истата, со желби секогаш така сложно да се собираат и прославуваат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средношколци од Делчево финалисти на UPSHIFT кампот…
Тим од средношколци од Делчево заедно со…
Снег во Делчево и Дебар: Возачите да…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
(Фото галерија) Интервју со млад уметник од…
Младите уметници често имаат тежок пат, особено…
Дојави за бомби и во Делчево: Маж…
Синоќа околу 19 часот во ПС Делчево…
Албанец уапсен на граничниот премин Делчево!
МВР информира дека вчера, во 12.00 часот,…