(Фото) Камион управуван од македонски државјанин се превртел на автопат во Бугарија

t

Камион управуван од државјанин на Северна Македонија синоќа се превртел на автопатот „Тракија“ во правец кон Софија.

Сигналот бил примен околу 20.30 часот во регионалната дирекција на МВР во Пазарџик, јави БНТ.


Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на настанот се испратени тимови на сообраќајната полиција, противпожарната бригада и екипи на брза помош.

Македонскиот возач е пренесен во болницата во Пазарџик. Засега нема други информации за здравствената состојба на возачот.

Камионот превезувал ѓубриво, кое било расфрлено на коловозот и преземени се мерки за негово расчистување.

Сообраќајот не е во прекин, го регулира сообраќајната полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Точно е имало полицајци во цивилка…

На социјалната мрежа Твитер е објавено името…

Апасиев: И Борис Џонсон даде оставка, уште…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев повика и…

Брнабиќ: Отвараме посебна инфраструктура за борба против…

Српската премеирка Ана Брнабиќ свечено го стави…

И на Шанац му пукна филмот: Ако…

Не сум во Македонија и душата ми…