(Фото) Колона долга шест километри на границата на Словачка со Украина

t

На границата меѓу Словачка и Украина, колоната е долга 6 километри од словачка страна, јавува Н1, а на граничниот премин пристигнуваат голем број бегалци.

„Тоа се главно жени и деца кои ја минуваат границата. На мажите не им е дозволено да ја преминат границата. Украина мобилизираше мажи на возраст од 18 до 60 години и мора да ја бранат својата земја. Затоа сите овие мажи ги возат своите сопруги, своите деца и домашните миленици до граничниот премин. Ги возат до границите на Полска, Словачка, Молдавија, Унгарија и Романија. Сите тие навистина сакаат да стигнат до западноевропските земји, особено во Европската унија“, рече известувачот.


„Овде пред граничните премини доаѓаат нивните пријатели и семејството да ги земат и однесат. Колоната возила се протега на околу шест километри од словачка страна“, вели репортерката на Н1.

„Полицијата ги ослободува само кога има информации дека нивни членови ја преминале границата, дека влегле во Словачка. Има и Црвен крст, разни превозници и оператори кои споделуваат бесплатни СИМ-картички. Најмалку 50.000 луѓе ја напуштиле Украина. Словачка има три прифатни центри, а Полска има девет, вели репортерот на телевизијата N1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русите направија “пепел”: Штаб на украинската…

Главниот штаб на украинската армија во Дњепропетровск…

Османи кон Кулеба: Македонците како никој друг…

Русија не само што ја мрази соседната…

Убиени 250 “нацисти”, уништени тенкови и ракетни…

93-ти ден од специјалната операција на Руската…

“Нож во грб”: Финска е против влезот…

Хелсинки не ги поздравува отстапките на патот…

Објавен планот на Путин: Победа до есен…

Русија наводно размислува за друг напад на…