Објавено на:

(Фото) Македонската фудбалска репрезентација со нови дресови – како ви се допаѓаат?

t

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.

Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите, велат од ФФМ.

Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.

Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.

– Исклучително сум горд што имам привилегија да го носам прекрасниот македонски дрес. Со нетрпение очекувам да го облечеме новиот дрес кој ја следи препознатливата традиција. Нашиот дрес со сонце е еден од најпрепознатливите и сигурен сум дека ќе биде многу популарен меѓу нашите навивачи, изјави капитенот македонската репрезентација, Стефан Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се прават анализи кои цени можат да…

Ние ќе го направиме сето она со…

Трајанов: Зошто СДСМ не ги осуди екстремистичките…

Во изминатиот месец водствата на повеќето партии…

(Фото+Видео) Падна Арачиново: Спречен транспорт на дрога…

На 24.03.2023 од страна на полициски службеници…

Македонија ѝ донира 12 хеликоптери на Украина…

Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“,…

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена со засилени…

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена – Скопје…