Објавено на:

(Фото) „Не можете да го спpeчите, тој е најдобриот“: Австралискиот фудбалски репрезентативец со поддршка за Новак Ѓоковиќ

t

Милош Дегенек, дефанзивецот на Црвена звезда и австралиската репрезентација, на социјалните мрежи објави фотографија од Новак Ѓоковиќ и му испрати порака за поддршка во тешките моменти низ кои минува.

По неколку часа минати на аеродромот, најдобриот тенисер на светот сега е во просторија каде што го чува полиција и нема дозвола за влез во таа земја поради проблеми со документите.


Австралиските медиуми пишуваат дека некој од тимот на Ѓоковиќ нема соодветна виза, што се поклопува со медицинското ослободување што Новак го доби од Австралија опен за влез во земјата.

Австралија има строги мерки поради пандемијата на коронарниот вирус, која Ѓоковиќ овој пат ја почувствува на своја кожа.

– Тој е само еден од најдобрите досега, не можете да го спречите – напиша фудбалерот со фотографија од Новак Ѓоковиќ непосредно пред заминувањето за Мелбурн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим…

Ѓоковиќ: Ова е за мојот народ!

Рим го доживеа пишувањето на тениската историја,…

Ѓоковиќ лесно го ,,скокна” 1/8 финалето и…

Нема дилеми, Новак Ѓоковиќ е во одлична…

Премиерот на Соломонските Острови ја нарече Австралија…

Премиерот на Соломонските Острови, Манасех Согаваре ја…

Нови тензии – Премиерот на Австралија ја…

Австралискиот премиер ја обвини Кина за мешање…