(Фото) Објавена карта на сите НАТО сили во Европа
Заканата од руска инвазија на Украина ставила акцент на подготвеноста на воените сили на САД и НАТО ширум источна Европа, кои со децении делувале како тампон зона меѓу Русија и Западот.
НАТО има четири мултинационални борбени групи во Естонија, Латвија, Литванија и Полска, кои делуваат на ротирачка основа. Секој од нив го води по една членка – Велика Британија, Канада, Германија или САД, а содржи трупи од неколку земји членки. Алијансата минатиот месец соопштила дека сите четири групи се “моќни и подготвен иза борба”, пренесува “CNN”.
Околу 12.000 војници на НАТО и САД ја сочинуваат првата линија на одбраната во источна Европа. НАТО има 22 воени авиони во тој регион и центар за балистички проектили во Романија, додека уште еден се гради во Полска.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така рекол дека е подготвен брзо дополнително да го зголеми тоа присуство со праќање на дополнителни сили и ресурси во тоа подрачје.
Во распоредувањето на силите на НАТО учествуваат и американски трупи. САД имаат свои бази во Литванија и Романија, заедно со неколку во Полска. Претседателот Џо Бајден минатата недела официјално одобрил распоредување на уште 3.000 американски војници во Полска, Германија и Романија, со уште 8.500 луѓе во засилена приправност.
НАТО нема трупи во Украина, а не се најавени ни планови за праќање на трупи од Алијансата во земјата. Но, иако Украина не е членка на НАТО, Алијансата на Киев му дава совети на стратешко ниво и го опишува тој однос како едно од најсодржајните партнерства на НАТО.
Останатите средства со кои НАТО располага во регионот вклучуваат ракетен одбранбен систем во Романија, дизајниран да открива, следи, ангажира и уништува балистички ракети во атмосферата. Сличен објект во Полска би требало да започне со работа оваа година.
Од друга страна Москва од ноември собрала повеќе од 100.000 војници на границата со Украина поради што Западот стравува од руска инвазија на таа земја. Руската и белоруската војска денеска започнале заеднички воени вежби во Белорусија кои би требало да траат 10 дена.
„Целта на вежбите е да се подготви сопирање и одвраќање на надворешна агресија, во рамките на одбранбена акција“, објавило руското министерство за одбрана и прецизирало дека маневрите ќе се одвиваат на пет воени полигони, четири воздухопловни бази на различни места во Белорусија, посебно во регионот Брест, кој се граничи со Украина.
Двете војски не го прецизирале бројот на војници кои учествуваат во маневрите, но Западот проценува дека 30.000 руски војници се распоредени во Белорусија. Западот и Киев на тие вежби гледаат како на провокација и притисок во екот на тензиите.
Во меѓувреме, Столтенберг денеска предупредил дека можниот руски напад е се поизвесен. „Ова се опасни времиња за европската безбедност. Бројот на руски војници се зголемува. Можниот напад е се поизвесен“, рекол тој и додал дека НАТО не е закана за Русија, но мора да биде подготвен за најлошото, истовремено верувајќи и во политичко решение.
Од друга страна, шефот на руската диполоматија Сергеј Лавров предупредил дека заканите од Западот за Русија се “контрапродуктивни”.
„Идеолошките пристапи, ултиматуми и закани не водат никаде“, рекол Лавров на состанокот со британската колешка Лиз Трас и изразил жалење што многу од западните лидери имаат страст за таков вид на комуникација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…