(Фото) Ова е авионот од кој падна армискиoт ранец?!

t

Политичката партија Левица на својата Фејсбук страна објави фотографии од ранец кој слетал во двор од куќа во Неготино. Се уште не се знае како ранецот завршил на ова место. Претпоставките се дека испаднал од некој воздухоплов.

Според објавата на политичката партија ранецот паднал врз станбен објект и за среќа нема повредени.

Изминатите неколку денови жителите кои живеат во околината на воениот полигон Криволак тврдат дека има зголемени активности на полигонот на македонски трупи и трупите на НАТО.

Според наши читатели ова е воздухопловот од кој паднал ранецот, од авионот скокнале голем број падобранци, а еден неидентификуван објект паднал во спротивна насока од падобранците со голема брзина.

Според нашите информации се работи за ранецот кој слетал врз домот на неготинчанецот. Oд фотографијата може да се забележи дека станува збор за транспортен авион, веројатно Локхед C-130 Херкулес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре пороен дожд: Конечно ќе здивнеме…

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…

Македонците во светот бараат извинување од Ескобар:…

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечка организација на…

Левица удри по министерот за правда! –…

Скандалозен е молкот и немањето реакција на…

(Видео) Бајден не може да си ја…

Американскиот претседател Џо Бајден се обиде да…

За седум дена ќе биде познат судбината…

Еврејската заедница на Македонија ја започна процедурата…