Објавено на:

(Фото) Ова е исходот од големата акција на Тигрите: Разбиена криминална група, претреси во Скопје, Арачиново и Радуша – уапсени 13 лица, пронајдена голема количина на дрога

t

По повеќемесечна криминалистичка истрага, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единицата за недозволена трговија со дрога, разбиена е криминална група на подрачјето на Скопје. Имено, лицата подолг период вршеле продажба на наркотични дроги марихуана и кокаин, за што од страна на ЕНТД при ОСОСК се обезбедени материјални докази. Во текот на целата истрага вкупно се приведени 13 лица кај кои се пронајдени кокаин и марихуана.

Само во текот на вчерашниот ден (01.04.2022), врз основа на наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, ЕНТД во содејство со Специјалната антитерористичка единица Тигар изврши претреси на шест локации во Скопје, Арачиново и Радуша, при што се пронајдени повеќе килограми наркотична дрога марихуана и повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, како и ваги и други предмети од кривични дела. Приведени се Ш.И.(36) и Ј.Х. (21), а се трага по С.И.(30).

До Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против три лица Ш.И.(36), С.И.((30) и Ј.Х.(21) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија, а од Судија на претходна постапка им е одреден притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Волкановски до Мекрегор: Ајде да се бориме,…

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар…

Кој би можел да стои зад нападите…

Сè уште не е јасно кој стои…

САД СО ДВЕ БАРАЊА ДО КОСОВО: „Повлечете…

Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховенир…

ВО ПЕТОК НИ ДОАЃА СПОЕН ВИКЕНД –…

По неколкуте празници во месец мај, ни…

ДА ПОМОГНЕМЕ: Отворени се и телефонски броеви…

Потребно е да се соберат средства, за…