Објавено на:

(Фото) Ова е новиот советник на Бајден

t

Како што открива Белата куќа, Сем Бринтон е заменик-помошник секретар за отстранување на потрошено гориво и отпад во Канцеларијата за нуклеарна енергија на Министерството за енергетика.

Бринтон е нуклеарен инженер, но и геј активист. Се декларира како родово-флуидна личност, што значи дека неговиот родов идентитет варира.

 

„Да, знам дека нема да биде лесно. Да, сфаќам дека ова е огромен предизвик. Да, подготвен сум да го прифатам“, напишал Сем на социјалните мрежи.

Долгогодишната кариера на Бринтон во управување со нуклеарен отпад, климатски промени, ЛГБТК активизам и менторство на млади е добро документирана, како и неговиот активизам во „кинк“ супкултурата.

Бринтон магистрирал на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ). Во неговата биографија на „LinkedIn“ пишува дека работи на решавање на светските предизвици околу нуклеарниот отпад и на заштита на младите членови на ЛГБТК заедницата од терапија за конверзија која има за цел промена на сексуалната ориентација.

Моментално работи како директор за глобална политичка стратегија во компанијата „Deep Insulation“, компанија за отстранување нуклеарен отпад. Работел и за „Trevor Project“, група која работи на спречување самоубиства меѓу геј и трансродовите луѓе.

 

Светските медиуми во голема мера се фокусираа на приватниот живот на Бринтон.

Тие пишуваат дека има историја на промовирање сексуални фетиши поврзани со играње улоги на животни, а посебно истакнаа дека Сем во 2017 година одржал предавање за „истражување на фетишот“ на Политехничкиот институт Ренселер на кое зборувал за сопствените искуства од „играњето кученца“, доминацијата и како „безбедно да го задушите партнерот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)Германец газда не ти дава ни потта…

Синиша Вуковиќ бил сам, газда во своето…

Земјотрес во Србија: “Се разбудив, мама го…

Денеска во 9 часот и 47 минути…

50 евра празничен бонус за пензионерите во…

Албанските пензионери ќе добијат „празничен бонус“ во…

Скопјанец приведен поради палење на автомобил

На 03.12.2023 во 03.30 часот на подрачјето…