(Фото) Ова се сите осомничени за случајот “Делчевски ниви”: Ќе одговараат за измама во службата, помагање и соизвршителство

t

Управата за финансиска полиција денеска поднесе седум кривични пријави до ОЈО Скопје, за двајца раководители на ЕВН и уште пет други лица за таканаречените “Делчевски ниви”.

Против двајцата управители на ЕВН Електрани на Македонија се води постапка според член 355 од КЗ, за измама во службата, во врска со член 22 односно соизвршителство.


Едно физичко лице се сомничи покрај измама во службата и за помагање според член 24 од КЗ.

Четири физички лица се сомничат за измама во службата од челн 355 во врска со член 24, помагање.

Некои портали ги објавија имињата на осомничените:

Игор Гиевски, управител на ЕВН Електрани, Мирослав Митровски, управител на ЕВН Електрани, Дарко Тодоровски, поранешен советник во Советот на Општина Делчево, Дарко Ќурчиски, бизнисмен, Влатко ( дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски) и Марија Илиевски, негова сопруга, и Орце Тодоровски-Ефто.

Игор Гиевски (прв на сликата од лево), Мирослав Митровски (втор на сликата), Дарко Ќурчиски (горе десно) и Дарко Тодоровски (доле десно на сликата)
Фото: Плус 24

Влатко Илиевски

Нема фотографија од Марија Илиевска.

Сите осомничени се во полициска станица и утре ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ