(Фото) Од каде православни икони во Вестминстерската опатија?

t

Погребот на британската кралица Елизабета Втора и богослужбата што се одржа по тој повод во Вестминстерската опатија, денеска преку телевизија во живо го следеа стотици милиони луѓе, а на многумина од православните земји им падна во очи на еден многу необичен детал. Камерите кои ја снимија богослужбата во Опатија, покрај достоинствениците кои присуствуваа, ја забележаа и сета убавина и раскош на нејзината внатрешност. Во еден момент камерата се префрли и над православните икони, на што гледачите се прашуваа од каде вакво иконописување во црква од сосема друга вероисповед.

Тоа е понов потег, поточно од почетокот на 1990-тите. Оттогаш оваа црква е украсена со две икони од рускиот иконописец Сергеј Федоров. Имено, од левата и десната страна на столбовите се гледаат две големи православни икони на Спасителот и Богородица, кои се таму од 1994 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од каде православни икони во Вестминстерската…

Погребот на британската кралица Елизабета Втора и…

Хаос во Вестминстер: Уапсен маж кој го…

Маж бил уапсен откако се приближил до…