(Фото) Пронајдена дрога во Тетово, приведен дилер – имал килограм марихуана

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (26 април) околу 19 часот и 10 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Г.Г. , затоа што при преглед му бил пронајден над еден килограм марихуана.
Марихуаната била пронајдена во неговиот ранец и во објект во близина, распоредена во различни садови и кеса, а пронајдени, исто така биле и зипер кеси.
Тетовецот Г.Г. задржан е во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Со соодветен поднесок тој денеска (27 април) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи откри: Ова е најкритичен и неприфатлив…
Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка го…
Србија ќе има најмодерна заштита од град…
Природните непогоди, од почетокот на пролетта, многупати…
Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…
Протести во Грузија по недобивањето кандидатски статус…
Неколку десетици илјади луѓе се собраа вечерва…
Путин им се обрати на матурантите: Поставете…
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин им…