Објавено на:

(Фото) Протести на бугарското ВМРО: “Не ја предавајте Македонија, таа е бугарска”

t

Бугарското ВМРО протестира против евентуалното паѓање на бугарското вето на преговорите за влез на Македонија во ЕУ. Протестот е насловен „Не ја изневерувајте Македонија“, јави дописникот на БГНЕС за регионот.

Точно во 12 часот беше блокиран сообраќајот низ Кресненската клисура.

“Војводите” пристигнаа во две колони- од Софија и од Сандански, откако позираа со знамиња и скандираа: „Македонија е бугарска“ пред споменикот на цар Самуил во Кресна, го блокираа Е-79. 10 минути Кресна беше заглавена од запрениот сообраќај.

„Од 4 мај одржуваме различни акции за да покажеме дека владата не е надлежна за нашите односи со Северна Македонија. Историската вистина е на наша страна“, изјави Ангел Џамбазки.

Со протестите под наслов „Не изневерувајте ја Македонија“, ВМРО сака да ја предупреди власта дека нема да дозволи никакво отстапување од Рамковниот став и изгласаната декларација од Народното собрание за членство на Република Македонија во ЕУ.

ВМОРО го обвинува премиерот Кирил Петков, кој „вели дека не презел никакви обврски за укинување на ветото до крајот на јуни, но во исто време одржува полутајни средби со еврокомесарот Оливер Вархеи“.

По повод вчерашниот повик на премиерот до претседателот за свикување на Советодавниот совет за национална безбедност, од ВМРО велат дека тоа е јасен знак за заложби за укинување на ветото.

Блокирањето на Кресненската Клисура е само првиот чекор во граѓанската непослушност, се заканија од ВМРО.

По блокадата на Е-79 кај Кресна, организацијата маршираше кон Благоевград, возејќи со мала брзина, што ветува голем сообраќаен метеж во густ сообраќај на граничниот премин Кулата-Промахон и до Благоевград и Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…