(Фото) Силно невреме во Кавадарци: Поплавени се куќи

t

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд вечерва го зафати Кавадарци. За половина час наврнале 40 литри/м2.

Центарот за управување со кризи информира дека од невремето поплавени се десетина подруми од куќи, како и средишниот дел од главната ул.7-ми Септември на која во моментот 3 екипи со механизација работат на расчистување.

За испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со две пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци со две пумпи.

До повикувачкиот центар во општината, се пристигнати околу дваесетина пријави за поплавени подрумски простории. Екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” се на терен. Од силниот дожд вода има навлезено и во зградата на општина Кавадарци.

-По силното невреме што го зафати Кавадарци, вечерва на терен по поднесените пријави од граѓаните интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец. Се известуваат сите граѓани кои имаат било каков проблем да се јават во Кол Центарот на Општина Кавадарци на бројот 13 300, вели градоначалникот Митко Јанчев.

РЦУК Велес известувдека на подрачјето на Кавадарци на ден 13.08.2022 од страна на РЦУК Кавадарци ни е пријавено дека во 19:40ч имало обилни и силни врнежи на дожд,при што поплавиле десетина подруми од куќи.Исто така средишниот дел од главната ул. “7-ми Септември”, на која се уште се работело,е оштетена и ангажирани се 3 екипи за да ги потполнат направените дупки, а имало и една пропадната кола на самите дупки кои не биле затворени. Истата е извлечена со пајак.На терен има 3 коли од општина Кавадарци кои се испаднати за контрола на состојбата на улиците.За испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со 2 пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци исто со две пумпи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР трага по момче од Кавадарци

На 13.11.2022 во 10.00 часот во ОВР…

Огромна благодарност од Буча до Кавадарци и…

Од украинската општина Буча се заблагодарија на…

Кавадарци се збратими со Буча! Јанчев подготвува…

Кавадарци се збратими со Буча, еден од…

Како на филм: Кавадарчанка го убила па…

Полициски службеници од СВР Велес – ОВР…

(Видео) Куќи паѓаат во морето: Страшно невреме…

Силната бура „Фиона“ го зафати источниот дел…