(Фото) Спасовски даруваше крв по повод Денот на македонската полиција

t

Денеска, (06.05.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со вработени во Министерството за внатрешни работи, а по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, даруваше крв во седиштето на МВР.

Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан од страна на Министерството за внатрешни работи, Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот Крст на Република Македонија и согласно Законот за безбедност во снабдување со крв и во 2022 година, продолжува континуираната соработка за доброволно дарување на крвни единици.
Активноста се одвива плански и во организација на Единицата за стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет согласно изготвена Телеграма – План за организирани доброволни крводарителски акции во организациските единици на МВР.

По повод одбележувањето на 7 – Мај денот на полицијата се организирани доброволни крводарителски ации за вработените во МВР и тоа во седиштето на МВР и во СВР Штип СВР Битола и СВР Тетово ќе се дарува крв во Регионалните центри за трансфузиона медицна.

Министерот Спасовски како редовен крводарител, и во оваа пригода оддаде признание на припадниците на МВР коишто по претходно направен план се дел од бројните крводарителски акции, а воедно упати и повик до граѓаните за подигање на јавната свест за хуманиот чин на дарување крв преку приклучување во крводарителските акции со кои може да се спаси човечки живот.

Хуманоста во МВР продолжува!, соопштуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема акција во Косово: Уапсени 18 лица…

Косовската полиција објави денеска дека уапсила 18…

Во Италија уапсени албански сопружници и запленета…

Италијанската полиција во градот Мјештре уапси албанска…

(Видео) ШОКАНТНА снимка од САД: Четиригодишно дете…

САД: Објавена снимката од четиригодишното дете кое…

Синдикатот на полицијата до власта: Кркајте вие…

Денеска од Синдикат на Полиција во Македонија…

Што се случува? -Големо полициско присуство пред…

Големо полициско присуство е забележано денеска пред…