(Фото) Страшна несреќа во Хрватска: Се судрија товарен и патнички воз, има мртви

t

Товарен и патнички воз се судриле вчера вечер во близина на местото Новска, во областа Славонија во Хрватска, јавуваат локалните медиуми.

Во несреќата, според неофицијални информации, има неколкумина загинати, како и десетина повредени луѓе. Дел од медиумите објавија дека во товарниот воз имало мигранти.

Судирот се случил меѓу Окучани и Новска, на околу 100 километри југоисточно од Загреб, околу 21 часот и 30 минути, пишува „Јутарњи лист“.

Телевизијата Нова објави, исто така од неофицијални извори, дека патничкиот воз број 2506, кој сообраќал на релација меѓу Винковци и Новска, поминал на црвено светло и со полна брзина налетал на товарниот воз, кој запрел поради дефект.

На фотографиите што ги објави Дневник, се гледа дека патничкиот воз се превртел во несреќата, а медиумот јави дека спасувачите се трудат да ги извлечат преживеаните од згмечените вагони.

На местото на несреќата има голем број полицајци, пожарникари и возила на итната помош, а таму вечерва тргнаа и премиерот и претседателот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и Зоран Милановиќ.

Вчера вечер се огласи и државната компанија Хрватски железници, која изрази сочувство до семејствата на загинатите, соопшти дека започнала истрага, но не откри повеќе детали за несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ќе обучува украински војници: Резников му…

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников на…

(Видео) УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Руски борбен авион…

Во Иркутск авионот Су-30 се урна врз…

Хорор во САД: Авион удри во зграда,…

Мал авион се урна во американската сојузна…

Загреб на нозе: Дојави за поставени бомби…

Полициски службеници од Загреб извршија увид во…

Ги “пееле” – Премиерот контра претседателот: Во…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска рече дека Хрватска ќе…