Објавено на:

(Фото) Трагедија: Македонец загина во сообраќајна несреќа меѓу Подгорица и Цетиње

t

Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 15 часот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица кај Подгорица, во која загинал мотоциклист, државјанин на Северна Македонија, пишува „Вијести“.

Во несреќата учествувале два автомобилa и мотоциклистoт З.П. (54), кој починал на самото место.

Според Полициската управа, починатиот македомски државјанин живеел во Цетиње, а се движел кон Подгорица. Тој не носел заштитна кацига, а неговиот мотор немал регистарски таблички, пишуваат дел од медиумите, повикувајќи се на извори во полицијата.

Поради полицискиот увид, сообраќајот на магистралниот пат од Подгорица кон Цетиње беше во прекин, поради што се формираа долги колони во двете насоки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец приведен при велз во Бугарија!

При гранична контрола за влез во Бугарија…

(Видео) УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Руски борбен авион…

Во Иркутск авионот Су-30 се урна врз…

Хорор во САД: Авион удри во зграда,…

Мал авион се урна во американската сојузна…

Најнова вест: Хрватската царина фати Македонец во…

На 13.09.2022 година, на граничниот премин Илок,…

Македонец уапсен во Хрватска за шверц на…

Хрватската полиција разоткри шестчлено злосторничко здружение чии…