(Фото) Ужacно злocтоpcтво во Сомбор: Повpaтник од затвop, ја зakлал сопругата, двете ќерки, фрлил бomба во куќата и се обecил

t

Страшното злосторство се случило во семејната куќа во Сомбор, каде 59-годишен маж ги убил сопругата и двете ќерки, а потоа се самоубил.
Соседите од улицата Симе Шолаја каде се случи семејната трагедија велат дека Здравко Г. ги убил сопругата и ќерката, фрлил бомба во куќата, а потоа се обесил. Во меѓувреме пожарникарите го пронашле четвртото тело за кое најпрвин не се знаело чие е, но потоа се испоставило дека се работи за втората ќерка.
Инаку, Здравко Г. имал три деца – две ќерки и еден син. Веднаш по откривањето на злосторството не се знаело што се случило со синот, бидејќи во семејството имало три деца, но во меѓувреме се дознало дека токму тој го пријавил пожарот во куќата, пишува Блиц. .

Според информациите на порталот, најмалата ќерка била во основно, другата во средно училиште, додека нивниот син бил студент.


Како што пишува Блиц, Здравко пред неколку дена излегол од затвор.
По пожарот во семејната куќа, пожарникарите пронашле тела на жена, ќерка и сопругот кој бил обесен на греда.
„Се слушнаа две силни детонации, а потоа видовме пожар во куќата на нашите соседи. Сцената беше морничава. Како што слушнавме, соседот ја заклал жена, фрлил бомба и си ја убил ќерката, а потоа се обесил“, велат соседите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свирепо убиство: Македонец ја убил својата девојка…

Саманта Вучковиќ (31) која на почетокот на…

Авторката на романот „Како да го убиете…

Љубовна романсиерка која го напиша роман насловен,…

Купил две пушки и 375 куршуми легално:…

Деветнаесетте деца и двајцата наставници убиени во…

Хорор во Њујорк: Вооружен маж уби најмалку…

Бројот на загинати се искачи на 10,…

Велешанец му се заканувал на месар дека…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против…