(Фото) Уште кечап фали: Граѓани од прозор фрлиле шпагети среде Скопје

t

Несекојдневна случка денеска во скопската населба Капиштец. Станар од зграда чии балкони гледаат накај парк сред бел ден од неговиот балкон фрлил цело тенџере варени шпагети и веднаш се сокрил, пренесе порталот ММС.

Луѓето кои во тој момент поминувале и оние кои седеле на клупите во паркчето биле шокирани од односот на несовесниот станар.

На приземјето на зградата има и продавници што значи дека е прометно и дека некој можел да биде погоден од полно тенџере варени шпагети.

Жители на населбата велат дека тоа не е прв пат од оваа зграда место во канта ѓубрето да го фрлаат од тераса. Велат се фрлале и табли јајца, отпушоци од цигари, остатоци од друга храна како и коски.

„Кој вели дека во Капиштец живеат граѓани?“, „Им се смеат на тие од село, а тие се поголеми граѓани од сељациве во Капиштец“, „Простаци“… се само дел од коментарите на граѓаните кои биле сведоци на оваа случка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот амбасадор со јасна порака: Сакаме Србија…

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави…

ЦУК: Нема активни пожари, 12 изгаснати во…

Нема активни пожари во земјава, а 12…

(Видео) Облак од чад над нуклеарката во…

Ројтерс пишува дека генералниот секретар на Обединетите…

(Видео) Му пукнал филмот: Не му давале…

Вистинска драма како од холивудски филм се…

Шредер го тужи парламентот поради одземени привилегии

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи…